ЗА НАС

Здружението на хематолози на Македонија е медицинска, стручна, непрофитна, невладина, непартиска организација која ги претставува и застапува хематолозите - медицински професионалци кои работат во областа на хематологијата во Република Северна Македонија. Здружението  извршува голем број важни функции за своите членови, вклучително едукација , нивно претставување и застапување. Делува со цел да  се постават стандарди за квалитет во професијата или со едноставни зборови кажано им помага на членовите да се информираат за најновите научни истражувања и достигнувања во областа,  им помага во заштитата на нивните и интересите на нивните пациенти.