ПРОГРАМА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Од Проф.д-р Ирина Пановска Ставридис
Сметано од 29 Јануари 2020 година, ми е доделена честа да бидам претседател на Здружението за хематологија на Република Македонија со членовите на управниот одбор во состав:
- в.проф. д-р Александра Пивкова Вељановска(секретар),
- доц.д-р Александра Јовановска(благајник),
- проф д-р Злате Стојановски(член),
- в.проф д-р Сања Трајкова(член),
- асс.д-р Билјана Чоневска (член),
- асс.д-р Марија Попова Лабачевска(член).
Се соочивме со предизвикот да обезбедиме услови за поттикнување на науката и ширење на знаењето од базичните и клиничките истражувања од областа на хематологијата.
За таа цел што е направено до сега:
- Учевствувавме во организација на "Прва работилница за трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина во Република Северна Македонија:достигнувања и идни перспективи".
- Го организиравме "Третиот конгрес на здружението за хематологија со меѓународно учество", каде свое учевство имаа повеќе водечки хематолошки експерти кои ги споделија најновите научни достигнувања во дијагностиката, патогенезата и третманот на хематолошки заболувања.
- Напишано и промовирано стручното издание: "Водичи за дијагноза и лекување на пациентите со Б и Т лимфопролиферативни заболувања"- како дел од проектот инициран од ЗХМ под наслов: "Унапредување на раната дијагностика и третман на пациентите со лимфом и мултипен миелом во Република Северна Македонија: Предизвици и можности".
- Како дел од истиот проект учевствувавме во уредување и промоција на стручно издание: "Мапирање на здравствените капацитети за рана дијагностика на лимфоми во Република Северна Македонија"
- Како дел од истиот проект беа организирани четири работилници (две со физичко присуство и две со користење на видео-конференциски платформи (on line) под наслов: "Унапредување на раната дијагностика и третман на пациентите со лимфом и мултипен миелом во Република Северна Македонија: Предизвици и можности" наменети за матични лекари и интернисти акредитирани од Лекарска Комора на Македонија(ЛКМ).
Но изминатиот период нашата работа обилуваше со повеќе работилници акредитирани од Лекарска Комора на Македонија(ЛКМ) каде беа презентирани последните научни достигнувања од областа на хематологијата, дел од нив се одвиваа на видео-конференциски платформи (on line) согласно условите во пандемијата со Ковид 19.
Извештајот за досега сработеното можете да го проследите на следниот линк ЗХМ 2020-2023 Извештај за активности.docx
Но пред нас се нови предизвици во следните четири години, нашиот фокус ќе биде насочен во организација на следните настани:
КОНГРЕСИ, СТРУЧНИ СОСТАНОЦИ, РАБОТИЛНИЦИ
- Како досегашен амбасадор во Society of Hematologic Oncology(SOHO) поканети сме да го организираме следниот годишен состанок SOHO updates во 2024година.
- Под покровителство на Европската Хематолошка Организација(ЕНА) поканети сме како национален партнер да го организираме испитот: 8th European Hematology Exam, кој ќе биде дел од EHA2024 Hybrid Congress кој ќе се одржи на 13 јуни 2024година.
- Под покровителство на Европската Хематолошка Организација(ЕНА) ќе можеме да организираме joint symposium на следен стручен состанок на ЗХМ.
- Во 2027година ќе го организираме "Четврт конгрес на здружението за хематологија со меѓународно учество".
ВОДИЧИ
Здружението за хематологија на РСМ во следниче четири години ќе продолжи со работа на Водичи за клиничка пракса, водичи за дијагноза и лекување на хематолошки заболувања:
- акутни леукемии кај деца и возрасни,
- миелодиспластичен синдром,
- Хочкинова болест кај деца и возрасни,
- миелопролиферативни заболувања,
- плазма клеточни дискразии,мултипен миелом
Притоа ќе ги ревидираме некои од веќе промовираните водичи за дијагноза и лекување на Б и Т лимфопролиферативни заболувања, во согласност со новите пристапи за дијагноза и лекување на лимфопролиферативни заболувања.
ЕДУКАЦИЈА
- ЗХМ и понатаму ќе учевствува во потикнување и промоција на констинуирана едукација на младите идни хематолози и педијатри преку користење на ЕНА и АSH платформите за учење, учевство во едукативни курсеви за малигни и немалигни хематолошки заболувања преку ЕНА Campus и ASH Academy.
- Како претседател на ЗХМ сметам дека од витално значење е да се создаде поволна клима за развој на кариерата на помладите хематолози, овозможувајќи им да стекнат драгоцено искуство. Преку грантови за истражување и можности за менторство, младите хематолози стануваат поспособни да лекуваат и дијагностицираат пациенти со хематолошки заболувања.Со тоа пациентите добиваат подобра, поефикасна нега.
- Во соработка со Здруженијата за хематологија од земјите од соседсвото ќе овозможам престој за едукација на идните хематолози во реномирани центри и ќе ги отворам вратите на нашата клиника за странски идни хематолози со кои ќе ги поделиме нашите искуства во лекување на пациенти со хематолошки заполувања со нова иновативна терапија која е достапна на нашата клиника.
- ЗХМ како инклузивна заедница ќе биде фокусирана на инспирација на младите хематолози и ќе им помагнам да го постигнат својот целосен потенцијал.
ИДНИ ПРИСТАПИ
- ЗХМ ќе служи како глас на хематолозите и хематологијата во Република Северна Македонија. За да ги промовираме интересите на нашите членови во регулаторните и научните области и мрежи, ЗХМ ќе се ангажира со институциите на РСМ и релевантните засегнати страни, вклучувајќи пациенти, професионални групи, фармацевтски компании, истражувачки организации и невладини организации за јавно здравје.
- За таа цел планирани активности се :
- Подигнување на свеста за хематологијата како иновативна медицинска дисциплина и нејзините специфични потреби.
- Градење партнерства и сојузи.
- Придонес во обликувањето и спроведувањето на политиките и законодавството на ЕУ.
- Обезбедување вклученост на хематолозите во релевантните регулаторни процеси и (крос-дисциплинарни) научни мрежи.
- Достапен и еднаков пристап до иновативни терапии.
- Поддршка за хематолошки истражувања (политики за финансирање и истражување на ЕУ).
- Подобра регулација (ориентирана кон клиничките потреби и придобивките на пациентите).
Во рамките на овие сеопфатни теми, ЗХМ ќе се фокусира на специфични предизвици околу прецизна дијагностика, персонализирана медицина, ретки хематолошки заболувања, потреба од поиновативни и помалку бирократски клинички испитувања и усогласување на образованието и обуката на хематолозите.
Скопје
11.02.2024
Претседател на ЗХМ
Проф.д-р Ирина Пановска Ставридис